Eден од ранетите на свадбата во Мала Речица е синот на Џевад Адеми, кој пукал?

Синот на пратеникот од ДУИ Џеват Адеми е еден од двајцата ранети при вчерашното пукање од огнено оружје на свадба во Мала Речица, јавуваат порталите на албански јазик.

 

Семејството Адеми ја потврди веста дека синот на пратеникот е ранет од огнено оружје, но демантира дека Адеми пукал при повредувањето.

„Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба“, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

„Вчера околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе