Тешка сообраќајка во с.Кадино

Еден малолетник почина, а двајца се тешко повредени по судир со мотори

По судир со моторцикли во село Кадино во тешка сообраќајка загина 16 годишно момче, а уште двјаца малолетници се тешко повредени.

„На 11.08.2020 во 23.45 часот било пријавено дека во с.Кадино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо", без регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(18) од Скопје, на кој се превезувала 17-годишна сопатничка од Скопје и мотоцикл „малагути", без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од с.Јурумлери, скопско, на кој како сопатник се превезувал 15-годишник од Скопје.

На местото на незгодата лекар на Итна медицинска помош кај 16-годишниот мотоциклист констатирал смрт, додека останатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза" и Градската општа болница „Св.Наум Охридски", каде биле пренесни за укажување на лекарска помош" соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе