Според извори од МВР за телевизијата Алсат, убиени се лицата Африм Бериша (28) и Бурим Вардар (24).
Тие биле застрелани во автомобил марка Ситроен.
Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка).
Повеќе детали не биле откриени, ниту пак за можните мотиви.