Две жени повредени во сообраќајка во Скопје

Во сообраќајка што се случила вчера попладне на улица „Крушевска Република" во Скопје, две жени се повредени, од кои едната потешко. 

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(36) од Скопје и патничко возило „Шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.П.(54) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобила З.Ч.П., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило К.Ч.(77) и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.  

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе