Две тракторски несреќи во малешевскиот регион

Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди.

Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките” во атар на село Двориште. Педесет и четиригодишниот Б.Ц. од Берово, управувајќи трактор „ИМТ” со беровски регистарски ознаки на кој била и неговата сопруга И.Ц., изгубил контрола над тракторот и се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во болницата во Струмица, вели Панајотова.

Втората несреќа се случила во атарот на село Русиново, каде што 63 -годишниот А.Г. стартувајќи го тракторот „фиат“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола, се превртел, при што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото во двете несреќи извршила увидна екипа на полициската станица-Берово.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе