Две тешки сообраќајки на патот Штип-Радовиш, еден загинат десетина повредени

Две тешки сообраќајни несреќи за неполни 2 часа се случија вчера на патот Штип – Радовиш. Во сообраќајката која се случи околу 21,30 во близина на клучката за село Љуботен, дошло до судир на 3 возила, „опел корса", „пежо 206" и „мерцедес".

Во незгодата починал сопатникот во патничкото возило „опел корса“, на возраст од 42 години, додека возачот добил тешки телесни повреди и двајцата сопатници со телесни повреди, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Повредени се 4 лица, од кои еден е задржан на лекување во болницата, трите останати лица се пуштени на домашно лекување, изјави Марина Шуманска, портпарол на клиничка болница-Штип.

Не цели два часа претходно на истата делница во близина на село Лакавица дошло до судир на два автомобили марка мерцедес и камион. Во мерцедесот со велешки ознаки покрај возачот биле и 11 мигранти, 10 од Пакистан и еден од Авганистан, кои се превезувале во багажникот на возилото. Сите се здобиле со телесни повреди и се хоспитализирани на штипска клиничка. Со тешки и лесни повреди се здобиле и двете штипјанки кои се превезувале во другиот автомобил.

Од повредените, 7 се задржани на одделението за хирургија, а 6 се задржани на лекување на одделението за ортопедија, изјави Шуманска

По укажаната лекарска помош, 6-мина од мигрантите се предадени на полицијата и ќе бидат пренесени во прифатниот центар „Југ“. Возачот кој ги превезувал, по несреќата побегнал од лице место, а полицијата се уште трага по него.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе