Две тешки соoбраќајки во прилепско

Вчера во 9:30 часот на регионалниот пат село Кривогаштани - село Житоше, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од Прилеп и патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(43) од с.Локвени, прилепско.

Во незгодата, возачот на возилото „голф", Ј.К. се здобил со тешки телсни повреди, додека возачот на возилото „пасат"се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од полициската станица Прилеп.

Вчера исто така во 21:20 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе