Две сообраќајки со тројца тешко повредени

Синоќа на магистралниот пат Штип-Делчево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.И. (19) од Виница, патничко моторно возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Т. (20) од Виница, и патничко моторно возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И. (34) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.И. и М.Т., кои биле пренесени во општата болница Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Виница.

Рано утрово на магистралниот пат Делчево-Штип кај место викано Кучичинска крстосница, патничко моторно возило ,,опел“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М. (21) од село Теранци излетало од патот и со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.К. (20) од село Видовиште, кој бил префрлен во Клиничкиот центар Штип. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе

Деполитизацијата и акцентот на научни истражувања ќе го насочат образованието на правиот пат.

повеќе

Голем број на христијани, православни верници, по претворањето на Света Софија во џамија, сметаат дека Вартоломеј не е веќе доследен да ја носи титулата вселенски патријарх.

повеќе