Две момчиња тешко повредени откако излетале од патот кај село Кучково

Две лица на возраст од 19 години се повредени откако вчера вечерта излетале од пат кај селото Кучково. 

„Синоќа во 00.40 часот било пријавено дека на локален пат во с.Кучково, скопско, патничко возило „фиат добло", со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(19) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Н.Е.(19), кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза"“, велат од МВР. 

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе