Полицијата ги приведе

Прегазиле полицаец додека мерел со радар и побегнале

Две лица се приведени откако ноќеска еден час по полноќ со возило прегазиле сообраќаец на бул.„Борис Трајковски" во Скопје по што избегале.

МВР соопшти дека А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски" со возило „цитроен берлинго", кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото.

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Полицијата ги пронашла и привела двете лица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе