ВО СКОПЈЕ

Две момчиња нападнати на автобуска станица

Вчера во 17.30 часот во Скопје на бул.„Крсте Мисирков" на автобуска постојка, од страна на неколку непознати лица физички биле нападнати М.С.(20) и Б.С.(19) и двајцата од с.Мирковци.

По нападот напаѓачите го напуштиле местото на настанот, а на повредените момчиња им е укажана медицинска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде првично им се констатирани телесни повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе