На патот блиску до Три чешми

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Штип

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип-Крупиште. Надлежните од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три чешми. До несреќата дошло кога директно се судриле две возила со велешки и со битолски регистерски таблички. Повредени се уште неколку лица.

Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се, а повредените се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип. За извлекување на жртвите и повредените ангажирани беа и штипските пожарникари.

Од СВР-Штип најавија за утре подетални информации. Увид на местото на несреќата извршија полициски службеници и јавен обвинител од Штип.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе