Две лица тешко повредени во сообраќајка во Гевгелиско

Вчера утро околу 06,20 часот во полициска станица Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат с.Богородица-с.Стојаково К.П.(32) од село Стојаково управувајќи патничко моторно возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во објект сопственост на З.П. од село Стојаково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатникот В.П.(24) од село Стојаково, кои биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Гевгелија.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе