Две лица се обиделе преку граница да прокриумчарат стадо од 182 грла ситен добиток

Пoлициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Блато" во соработка и заедничка акција со албански полициски органи вчера спречи криумчарење на ситен добиток.

Како што се наведува во МВР-билтенот, вчера во 11:30 часот во непосредна близина на Граничен камен Е 16/2, на територијата на Република Северна Македонија, биле забележани две лица кои се обидувале да прокриумчарат стадо од 182 грла ситен добиток преку државната граница од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

Со заедничка акција со албанските полициски органи лицата се фатени и приведени, а добитокот бил обезбеден.

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО  Дебар и Ветеринарен инспекторат во Дебар, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе