Две лица приведени за вчерашното пукање кон полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека се учесници во пукањето кое што вчера се случи во скопската населба Ѓорче Петров. Околу 16.30 часoт беше пукано кон полициски службеник.

Според МВР на кружниот тек во населбата, лице од возило фолксваген голф пукало кон автомобил мерцедес, во кое бил полицискиот службеник З.Р..

Притоа, полицаецот се здобил со повреди во ногата и се упатил во болницата „8-ми Септември" за укажување на лекарска помош. Околу 19.00 часот возилото голф било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Косовците Б.В.(40) и И.Л.(38).

По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе