Две лица приведени за марихуана

Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера ги лишиле од слобода М.К.(18) и О.Н.(25), двајцата од Кавадарци затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Околу 18.00 часот на ул.„Младост" во Кавадарци, информираа денеска од МВР, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео", управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.

При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К..

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе