Две лица приведени при обид да пренесат марихуана во Грција

Полицијата на граничниот премин Стар Дојран уапси две лица кои со товарно возило марка „Ман" се обиделе да пренесат марихуана од земјава во Грција. Како што соопшти МВР, возачот на камионот Е.М. и неговиот сопатник Е.Х., и двајцата од гостиварското село Долна Бањица, имале намера да преминат од Република Северна Македонија во Грција, преку граничниот премин Стар Дојран. 

При претрес на возилото полицијата во него пронашла 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе