Две лица приведени поради напад на полицајци

Две лица се приведени ноќеска во Тетово на две локации поради напад на полицајци, информира СВР Тетово. Првиот е малолетник и бил приведен на улица.

Тој во 0:40 часот на улицата „Борис Кидрич" во Тетово се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Подоцна околу 4 часот, А.Ч.(26) од Тетово, пред угостителски објект на улицата „Маршал Тито" во Тетово се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. И тој бил приведен во станицата во Тетово.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе