МВР со детали

Две лица повредени во сообраќајката во која автомобил заврши во нива

Две лица се повредени и пренесени во болница откако автомобилот во кој се наоѓале излетал од патот. Пожарникари ги извлекоа повредените. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. (18) и сопатникот Ж.М. (34) од с.Радичево. 

„Вчера во 17.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат за с.Добрашинци, струмичко, во близина на мост на река „Струма", патничко возило „форд фиеста", со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(18) од с.Нова Mаала, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и сопатникот Ж.М.(34) од с.Радичево, констатирани во Медицински центар Струмица“, соопштуваат од МВР. 

Повредените од автомобилот биле извлечени од пожарникарите, кои ги предале на екипа на итната медицинска помош и се пренесени во струмичката болница

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе