Две лица повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Две лица се здобиле со телесни повреди при сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп-Битола, информира МВР.

„Вчера во 19:50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен", со битолски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот В.П. од Битола и патничко возило „опел", со прилепски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот М.С. од Прилеп. Во незгодата, М.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека В.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп“, соопшти полицијата.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе