Две лица повредени во сообраќајка на патот Кочани-Делчево

Сообраќајна несреќа во која повредени се две лица се случила вчера во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница.

Во сообраќајката учествувале „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(71) од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(31) од Кочани.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило Ј.С.(67), по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од полициската станица Виница.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе