Две лица повредени во сообраќајка

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга – Дебар, соопшти денеска СВР Охрид.

Сообраќајната несреќа, како што е наведено, се случила кај клучката кон струшкото село Долна Белица, меѓу автомобили „Мерцедес" со австриски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(52) на привремена работа во Австрија, и „Опел" со вевчански ознаки, управуван од С.Ш.(41) од Вевчани.

„Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел", констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода, извршија полициски екипи“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе