Две лица повредени во физичка пресметка во средно училиште во Скопје

Физичка пресметка се случила вчера во средно училиште во Скопје за време на големиот одмор, во која две лица се здобиле со повреди, поради што им е укажана лекарска помош.

Во СВР Скопје вчера вп 15:15 часот било пријавено дека на булеварот „Трета Македонска бригада" во средно училиште за време на големиот одмор, Ф. А., А.М.и А.И. сите од село Копаница, Скопско заедно со уште две лица физички ги нападнале М.И (19) и Б.М. (18), двајцата од село Батинци.

На М.И. и Б.М. им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски".

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе