Тешка сообраќајка на регионалниот пат за Демир Хисар

Две лица повредени откако со автомобил излетале од патот

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што е случила денеска на регионалниот пат за Демир Хисар, кај место викано Мраморица. Според МВР до незгодата дошло кога автомобил хјундаи, управуван од Д.Ј.(36) од Прилеп, излетал од коловозот.

Во незгодата возачот и сопатникот П.А(22) од Штип се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе