Две лица потешко повредени во судир на автомобил и мотор во Росоман

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера попладне  на ул.„Пролетерска“ во село Росоман меѓу патничко возило „мицубиши пајеро“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Љ.(48) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане и мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(19) од село Росоман.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот М.Ѓ. и неговиот 15-годишен сопатник од село Сирково. На двајцата им била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што М.Ѓ. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе