Две лица потешко, а четири полесно повредени во сообраќајка во Скопје

Две лица биле потешко, а четири полесно повредени во сообраќајната незгода што се случила синоќа на на крстосница од улиците „Ацо Шопов“ и „Фјодор Достоевски“ во Скопје.

Сообраќајката се случила меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(37) од Скопје и патничко возило „даеву тико“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(59) од с.Шишево, скопско. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „даеву тико“, Ф.С.(68) од с.Шишево, која била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“  и осумгодишно дете од с.Шишево, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди, пак, се здобил возачот А.М. и сопатниците од истото возило М.М.(60), Н.М.(31) и деветгодишно дете.

На местото на незгодата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе