Две лица бегале од полиција, удриле во полициско возило и излетале од патот

Денес во 03.50 часот на влезот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.А.(46) од Арачиново и И.С.(44) од с.Огњанци, скопско.

Тие, со возило „мерцедес", кое го управувал Н.А., на ул.„Македонско-косовска бригада" не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, при што во знак на предупредување од полициски службеник бил испукан еден куршум во воздух, а потоа на влезот од Арачиново со возилото удриле во службено полициско возило и се обиделе да удрат и полициски службеник, по што излетале од патот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе