Барање на скопското обвинителство

Две илјади евра казна за прекршување на полицискиот час

Скопското обвинителство побара од судот седум лица кои го прекршиле полицискиот час да бидат казнети со по 2.000 евра.

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле на различни локации во градот", информираат од скопското Обвинителство.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите лица предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе