Во Ново Лисиче

Две деца оставени сами и заклучени во автомобил, полицијата ги извади

Две малолетни деца вчера биле оставени заклучени во автомобил на паркинг во населбата Ново Лисиче во Скопје. Случајот во полицијата околу 22 часот го пријавиле минувачи кои ги забележале децата на возраст од 4 и 7 години во автомобилот.

На паркингот на булеварот „Видое Смилевски Бато" во паркирано возило алфа со скопски таблички биле оставени двете деца, а вратите на возилото биле заклучени. Полициските службеници интервенирале веднаш по пријавата и откако скршиле стакло, успеале да ги извадат децата од автомобилот.

Со возило на Итна медицинска помош децата веднаш биле префрлени во комплексот клики „Мајка Тереза".

Полицијата успеа да ги најде родителите на децата Т.Т.(44) и М.Н.(35).
За настанот е известен и јавен обвинител кои презема мерки за расчистување на овој случај.

Дополнително ќе се утврдува кој и зошто ги оставил децата сами и заклучени во возилото. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе