Две деца од Скопје каснати од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден во Скопје две деца биле нападнати и каснати од кучиња скитници.

Вчера во 12.00 часот во полициската станица Кисела Вода, Д.С.(49) од Скопје пријавил дека на улица „Христо Татарчев" неговата шестгодишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Нешто после полноќ пак во 00.20 часот во полициското одделение Сарај, 48- годишниот С.Х од с.Љубин, скопско, пријавил дека вчера околу 22.00 часот во село Љубин неговиот 10-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе