Две деца и две возрасни лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Четири лица, од кои две малолетни деца, се потешко повредени синоќа при судир на две возила во Скопје. Сообраќајната несреќа се случила во 22.45 часот на улица „Христо Батанџиев".

Се судриле автомобили„Фолксваген Пасат", управуван од Д.Т. (30) и „Фолксваген Голф", управувано од И.Б. (37). Со тешки телесни повреди се здобиле Г.Б. (35), сопатник во возилото „Голф", како и И.Б. и двете малолетни деца – негови сопатници. 

Повредените Г.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември", додека двете малолетни лица во Комплексот клиники „Мајка Тереза".

На лице место извршен бил увид од екипа од СВР – Скопје.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе