Сообраќајна контрола во Скопје

Дванаесет возачи пиеле пред да седнат во автомобилот

За 12 возачи полицијата со алко - тест утврдила дека пиеле алкохолни пијалаци пред да седнат во автомобилот, а 14 лица се казнети затоа што немале возачка дозвола, информира МВР за вчерашните сообраќајни котроли во Скопје, кога полицијата казни вкупно 197 учесници во сообраќајот.

МВР информира дека на 48 возачи им се изречени санкции за возење со брзина поголема од дозволената, а казнети се и 24 мотоциклисти. 

„Изречени се и седум санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при управување возило, една за вградени неатестирани фолии, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР и предупредуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе