Дванаесет мигранти од Авганистан и Пакистан пронајдени во комбе

Вкупно 12 мигранти од Авганистан и Пакистан биле откриени во четвртокот вечер, во комбе на автопатот Куманово – Табановце и приведени од полицијата.

Како што соопшти МВР, на 14 ноември во 21.20 часот на автопатот Куманово – Табановце, на место викано „Обиколница Костурник" било забележано товарното моторно возило „комби", без регистарски ознаки.

„По преземени активности од полициски службеници од Полициска станица Сопот, возилото било престигнато, а од слобода биле лишени 12 лица мигранти, и тоа седум од Авганистан и пет од Пакистан“, наведуваат од МВР.

Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе