Двајца жители на Порој повредени откако воз ги удрил во автомобилот

Двајца жители на Порој се полесно повредени во сообраќајната незгода кога во нивното патничко возило марка „цитроен" удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево. Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на преминот кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.

Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Биле однесени во клиничката болница Тетово но по пружената лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Поради сообраќајката од 1:.45 до 20:20 часот железничкиот сообраќај беше во прекин, информираше Фатмир Реџепи, од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Вчера во текот на денот на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, повредени се уште уште четворица откако со возило излетале од патот.

-Патничко моторно возило „форд фиеста" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово., соопшти СВР Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе