Двајца загинати и 17 повредени мигранти во тешката сообраќајка кај Радовиш

Двајца загинати и 17 повредени мигранти е билансот на сообраќајната незгода што се случи попладнево околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип во близина на рудникот Бучим.

Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од местото на несреќата.

Единаесет од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, а шест во болницата во Радовиш. 

Според полицијата, има индиции дека бројката на мигранти во товарното возило била поголема, но оти тие избегале по несреќата. 

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот е нормализиран за патнички возила, но не и за тешки товарни возила и автобуси.

МИА

На 20 јануари 2019 владата на САД веќе цел месец е делумно блокирана поради инсистирањето на Трамп да добие 5,7 милијарди долари од Конгресот за финансирање на неговиот расистички и средновековен пограничен ѕид.

повеќе

Луѓето се љубопитни суштества, колку и да го одрекуваат тоа.

повеќе

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе