Јавно обвинителство - Велес

Двајца велешани полицијата ги затекна како мерат и пакуваат хероин

Полицијата влегла во викендичка кај Велес во момент кога две лица препакувале хероин мерејќи ја на дигитална вага. Определен им е притвор во траење од 30 дена.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Велес, на возраст од 51 и 41 година, поради постоење на основано сомневање дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, став 1 од Кривичниот законик.

„Двајцата осомничени на 29.06.2021 година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички договор неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – хероин во количина од 93,09 грама. Еден од нив договорил преземање на дрогата од лице од Скопје и му дал на другиот осомничен пари во износ од 55.000,00 денари за да ја преземе дрогата кај м.в. Штипска петља. Откако тој ја донел дрогата во викендичката, осомничените заедно започнале да ја препакуваат во помали пакувања, за што користеле дигитална вага. Во моментот кога започнале со препакување на наркотичната дрога, пријавените се затекнати од страна на овластени полициски службеници од СВР Велес кои извршиле претрес во викендичката“, соопшти обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот на обвинителството е прифатен, по што Судот на осомничените со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе