Двајца велешани измамени на ист начин, дале пари за помош на децата кои наводно згазиле дете

Двајца жители на Велес биле измамени во одделни случаи за 300.000 денари и за 1.500 евра со истата приказна дека нивните деца во сообраќајка згазиле дете, а парите биле потребни за да им се помогне.

О.С. од Велес вчера пријавила дека на 05.09.2020 била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари. Според пријавеното, телефонски ѝ се јавило лицето и ѝ кажало дека нејзиниот син и снаа направиле сообраќајна незгода во која со возилото удриле во дете мигрант и побарало пари да му помогне на синот. Таа му дала 300.000 денари на лицето, но потоа сфатила дека била измамена.

Т.Т.(74) исто така од Велес вчера попладне пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1500 евра. Според пријавеното, во 16.00 часот на фиксен телефон му се јавило лицето и му кажало дека неговата ќерка и неговиот зет направиле сообраќајна незгода и удриле дете и побарало од него пари за да им помогне. Според пријавата, тој му ги дал парите, но подоцна сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.  

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе