Двајца тетовци приведени за криумчарење мигранти

На автопатот граничен премин „Богородица“ – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица" ги привеле Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово откако при преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија.

Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе