СВР Скопје

Двајца тешко повредени во вкупно 20 сообраќајки

Пешак и возач на мопед биле тешко повредени, а десет лица биле полесно повредени во 20 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 сообраќајни несреќи била причинета само материјална штета.

Според СВР Скопје, 220 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, 28 возачи возеле под дејство на алкохол, 28 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и 10 возачи почетници.

Исклучени од сообраќај биле и 27 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 24 казни за непрописно паркирани моторни возила,  187 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 152 возила.

Полицијата санкционирала  и пет воачи кои поминале коловоз на пешачки премин, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет за неправилно престројување и десет возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе