Приведување кај Богородица

Двајца Срби во „голф“ превезувале девет Кубанци

Двајца млади српски државјани се приведени откако во нивното возило марка „голф“ полицијата виде дека се превезуваат дури девет мигранти - сите од Куба.

МВР информира дека полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани.

„Во близина на бензинската станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило 'голф', со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат 9 лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата. Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти се пренесени во Транзитниот центар 'Винојуг' во Гевгелија, се вели во соопштението на МВР.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе