МВР информира дека полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ ги лишиле од слобода Ф.С.(20) и Б.Е.(19), двајцата српски државјани.
„Во близина на бензинската станица кај Смоквица, при контрола на патничко возило 'голф', со српски национални ознаки, управувано од Ф.С., каде како совозач бил Б.Е., било констатирано дека во возилото се превезуваат 9 лица мигранти од Куба, кои оствариле илегален влез во државата. Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје возачот и совозачот се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти се пренесени во Транзитниот центар 'Винојуг' во Гевгелија, се вели во соопштението на МВР.