Двајца скопјани извршиле нелегални транскации со туѓа платежна картичка

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.С.(27) и С.П.(29) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем" и „злоупотреба на лични податоци".

Како што соопштија денеска од МВР, во текот на вчерашниот ден, пријавените прибавиле платежни картички и лични карти на Н.Н. и В.Н. од Струмица, по што извршиле нелегални трансакции со платежна картичка во сопственост на Н.Н. на повеќе продажни места во Струмица.

На овој начин, се стекнале со противправна имотна корист во висина од 90.000 денари.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе