Вчера во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 01:45 часот во фабрика во Свети Николе, додека извршувал работни задачи, П.К.(29) се здобил со тешка телесна повреда.
За случајот се запознаени Трудов инспектор и јавен обвинител, посочуваат од МВР.
МВР вели декаи дека вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во клинички центар „Аџибадем Систина“ со тешки телесни повреди бил донесен В.П.(50) од Велес.
Од МВР потенцираат дека, според пријавеното, околу 16:00 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје