Двајца приведени откако во стан биле најдени пари и марихуана

Полицијата приведе две лица на возраст од 25 и 20 години, откако вчера при претрес во стан во Скопје, во кој привремено престојувале биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

„Вчера во 19:00 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле лишени од слобода А.С.(25) и М.К.(20), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР. 

По претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојуваат двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

Од МВР информираат дека лицата А.С. и М.К. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе