Двајца повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. Вчера во 08:40 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, во атар на село Алинци, Д.И.(44) од Битола, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата, возачот и сопатникот В.Р.(38) од Битола се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на Полициската станица Прилеп, информира МВР.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе