Двајца починати во сообраќајка во светиниколско, „ауди“ излетало од патот

Две лица починаа, а едно е потешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска два часа после полноќ во светиниколско.

Фото: Пиксабеј

Како што информира МВР, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.             

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе