Во Струга

Двајца пешаци повредени по удар од автомобил во Струга

Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра" со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, на 5 март годинава околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ возилото управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.

„Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување“, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан ДИмоски.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе