Двајца од Кочани добиле кривични пријави за „повреда на слободата на определување на гласачите”

Р.А. (54) и Б.Ш. (46) добиле кривични пријави од ОВР Кочани поради сомнение дека сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од 8 до 15 октомври во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.

Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со дежурен основен јавен обвинител од Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани, стои во соопштението. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе