Двајца мигранти загинаа, а 12 лица се повредени во сообраќајка на патот Струмица-Штип

Двајца мигранти загинаа со сообраќајна несреќа која вчера се случила на патот Струмица – Штип, во близина на Радовиш, а 12 луѓе се повредени.

„Вчера во 22.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица - Штип, кај клучка Радовиш, патничко возило „ауди Q7", со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР. На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица“, се вели во полицискиот билтен.

Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе