Двајца мигранти од палестинските територии затекнати во тетовско Старо Село

Утринава околу 5 часот во атарот на тетовското Старо Село полицајци од граничната полиција при редовните активности откриле двајца мигранти од палестинските територии кои се движеле на подрачјето. Двајцата се задржани за понатамошна постапка.

„Вршејќи редовни активности, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Рогачево затекнале и привеле две лица, според нивното кажување од палестинските територии, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Двете лица донесени се и задржани во полициската станица Тетово за натамошна постапка“, информираат од СВР Тетово.

На 13 август на царински терминал во Тетово во приколка од камион беа најдени 10 мигранти од Ирак, Пакистан и Бангладеш, на возраст од 15 до 49 години возачот и мигрантите беа приведени за соодветна постапка. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе